Московјаните се разбудија и го видоа најубавото утро зимава

Последниот ден од јануари не можеше да изгледа подобро!

По силните снежни врнежи минатата ноќ, московјаните се разбудија како во некоја сцена од Нарнија - главниот град изгледа како зимско чудо. Малку е задоцнето: многумина го чекаа ова уште од почетокот на декември.

Се разбира, социјалните мрежи беа бомбардирани со слики на улици, дрвја и автомобили покриени со белата прекривка од чистиот снег. Од друга страна, времето предизвика огромни сообраќајни метежи во главниот град – но, кому му е гајле кога местото изгледа толку убаво.

Прочитајте повеќе: Зошто московјаните му се радуваат на снегот кога ќе го покрие нивниот град?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња