Московските власти го поништија „првиот руски геј брак”

Pixabay
Полицијата им ги поништи пасошите на геј парот, а службениците одговорни за заверка на документот со кој се потврдува бракот останаа без работа.

Павел Стоцко и Евгениј Војцеховски се венчаа месецов во Копенхаген, а потоа брачниот сојуз го регистрираа во мултифункционалниот центар за државни услуги во Москва.

Меѓутоа, геј браковите во Русија се незаконски, па се доведува во прашање веродостојноста на нивните тврдења, и покрај тоа што за време на интервјуто за телевизијата „Дожд“ во своите пасоши ја покажаа заверката со која наводно се потврдува нивниот брачен сојуз.

Руска полиција сега официјално ги поништи двата пасоша. Официјалните лица велат дека грешката ја направила службеничката која го ставила печатот.

„Службеничката и нејзиниот надреден ќе бидат отпуштени”, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Русија Ирина Волк.

Прочитајте повеќе: Кого мразат Русите и зошто?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња