Кого мразат Русите и зошто?

TASS
Како и со сите други луѓе, животот им дава на Русите многу поводи за незадоволство. Но, некои работи навистина им одат на нерви. Оваа омраза е изродено од ништо, па дури и времето не е доволно силно за да ја промени.

Богатите

„Вие не можете да бидете искрени и богати во исто време“. Во умовите на Русите одамна е заглавен стереотипот за тоа дека стекнувањето богатство во Русија е можно само благодарение на измами, кражби и крвта на обичните граѓани. Корените на оваа омраза се исткаени длабоко во историјата - големата социјална нееднаквост секогаш била карактеристична за руското општество.

Меѓу последните „лузни“ е и приватизацијата од деведесеттите години од минатиот век кога нафта, гасот и фабриките се номинално достапни за сите (државна сопственост), а по распадот на СССР стануваат сопственост на приватни лица (што и до ден денешен од многумина се смета за нечесно). Многу брзо овие луѓе се претвораат во најбогати луѓе во земјата.

Оттогаш, се разбира, имало многу начини да се изгради државата. Сепак, без оглед на потеклото на капиталот, сите богати ги мразат исто. И многу луѓе сè уште не ја заборавиле приватизацијата.

Комунални услуги

Сметките се фрлаат во поштенски сандачиња со брзината на светлината. И што значат овие кратенки, како што се ПЗУ и AППЗ во сметките? Какво е тоа вечно собирање пари за капитален ремонт? И кога, по ѓаволите, ќе го исклучат греењето, на крајот на краиштата веќе е април, +20 степени во текот на денот, а можеш да се изгориш на радијаторот?

Во Русија, секогаш има пригоди за да се поттикне омраза кон работниците во комуналниот сектор. Дури тие и да не се виновни за зголемувањето на цените на водата или гасот, сите отпрвин ќе си речат дека овие луѓе „нешто таму се надробиле“.

Сепак, иако во Русија има многу гас (и вода исто) и што електричната енергија е евтина Русите сметаат дека плаќаат за нив премногу и дека е крајно време да се престане со тоа безобразие.

Соседите

Дали мислите дека ако го поздравите соседот од влезот секогаш ќе чуете поздрав од другата страна? Не, не. Ако сте новодоселени никој нема да ви дојде на врата и да ви посака добредојде. И ако мислите дека се избегнуваат - погоди што! Тие ве избегнуваат.

Русите се уморни од постојаното присуство на други луѓе. Отпрвин тие веќе долго време ги делеле кујната, бањата и тоалетот со непознати во комуналките - толку популарни во текот на 20 век. Потоа од зад тенките ѕидови на хрушчовките, преку кои секогаш сe знае точно кога соседот кивнал, што ѝ подвикнал на жена си, каква глупост гледа на телевизија денес. Ако ги додадеме на тоа периодичните звуци од дупчалки и чекани, плачот на бебето, стенкањето ноќе и пијаното утро - е, не ли ви се чини дека веќе и го мразите сето ова?

Всушност, животот со некој премногу близок е секогаш проследен со конфликти. Но, кај Русите се караат со соседите и по инерција, иако тие ништо лошо не направиле.

Обезбедувањето

Русија е земја на обезбедувањето. Тука ги има толку многу што нивниот број е незамислив. Според последните статистики обезбедувањето во Русија е поголемо и од полицајците.

Каде и да одиш - таму има будно типче кое те следи со поглед. „Изгледа како сите, ама баш сите, да те чуваат лично тебе!“. Но, најиритирачки од сè е кога чуварите ќе започнат „да си ја вршат работата“ - и бараат сите по ред да ги отвораат чантите, торбите и слично, за да те пуштат да влезеш некаде. Еве за тоа по правило нив не ги сакаат. На крајот на краиштата, никој не сака да живее како „вечно осомничен“ и под целосно набљудување.

Сонародниците во странство

Кога Русин ќе види свој сонародник во странство, го спушта погледот и се прави дека не доаѓа од истата земја. Тоа е затоа што Русите не се сакаат едни со други. И тоа во комбинација со високиот степен на патриотизмот и гордоста од сопствениот народ. Неслучајно во Русија има еден многу популарен виц: „Само пијан Русин може да помине два часа, убедувајќи странец дека сме нација на будали ... и потоа да го удри по муцката, кога тој конечно се согласи“.

Единствено привремениот непријател може да ги зближи луѓето. Пред неговото лице сите се роднини и се подготвени да го дадат и последното што го имаат. И го даваат. Но, кога ќе се повлече непријателот, Русите повторно почнуваат со меѓусебните кавги.

Провинцијалците - московјаните

„Тие имаат плати по 200 илјади рубли (3.5 илјади американски долари) и не знаат како да ги трошат. Се прават важни и немаат поим што е живот“. Жителите од провинцијата го сакаат митот за вообразениот московјанин кого го презираат од своето раѓање. Ова заедничко непријателство еден кон друг се вкоренети во економските односи меѓу регионите и главниот град. Сите приходи на Русија одат во Москва, и тие решаваат на кого и колку ќе му се исплати во регионалниот буџет. А, уште од советски времиња секој провинцијалец има запаметено дека додека нивните полици во продавниците се празни, во Москва можеш да купиш сè (барем ако знаеш каде да бараш).

А, московјаните провинцијалците

Комплексот на пониска вредност на луѓето од провинција, го тера тие самите да преземат чекори за да станат московјани. Но, московјаните им враќаат мило за драго.

Провинцијалците се сметаат за „крадци на работата“ - тие се поактивни, подготвени да работат за помалку пари. Исто така ги сметаат за некултурни, криминалци, ловци на станови (се претпоставува дека сонот на секоја провинцијалка е да си најде московјанин со живеалиште и да се пресели кај него) итн. Класичното м'рчење на московјаните – „се довлечкале тука“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња