Две жени се венчаа во Москва

Фотографија од лична архива

Фотографија од лична архива

И покрај тоа што во Русија не е дозволено склучување истополови бракови, вчера една двојка успеа да го стори тоа. „Руска реч на македонски“ ви нуди повеќе детали за тоа на кој начин овие две Русинки успеале да го надминат законот и официјално да го регистрираат својот брак.
Филофобија или омраза кон љубовта
Државната дума донесе два рестриктивни закона (Законот против геј-пропаганда и Законот со кој на истополовите заедници им се забранува посвојување деца) кои предизвикаа бурни расправи како во руските, така и во странските медиуми. Европската унија апелираше Русија да се воздржи од усвојување закон за кој „се верува дека ќе ги зголеми дискриминацијата и насилствата врз претставниците на сексуалните малцинства“. Руска реч ви ги претставува текстот на Лев Рубинштејн, познат руски поет и есеист, а кој се однесува на зголемената хомофобија и омраза во руското општество.

На 19 август во Москва беше регистриран еден необичен брак: на официјалната церемонија дошле две девојки во венчални фустани, а тие двете многу личеле една на друга. Тие решиле официјално да ја регистрираат својата врска, вез разлика на тоа што истополовите бракови во Русија се законски забранети. Официјалните лица не можеле да ги одбијат, со оглед на тоа што една од невестите била трансексуалец, кој е познат во руската ЛГБТ јавност под својот блогерски псевдоним Алина Дејвис. Но, во личната карта пишува дека е машко – Дмитриј Кожухов. 

Според Алина, со цел да се избегне скандал, вработените во службата за матични работи се заканувале дека нема да ги пуштат идните сопружници доколку и двете дојдат во венчални фустани. „Одењето во матично воопшто не беше страшно, иако ни се закануваа, - раскажува таа. – Во мај ние поднесовме барање и сè беше во ред“. За време на церемонијата началничката на службата за матични работи се бунела поради чудниот изглед на идните сопружници и искрено се чудела зошто некој маж би посакал да стане жена. Сепак, според младиот брачен пар, не дошло до никакви понатамошни расправии. 

Свадбата на двете лица со нетрадиционална сексуална ориентација предизвика бурна дискусија на рускојазичниот Интернет. „Во Русија е многу тешко официјално да се помине процесот на промена на полот, и за тоа треба да се поминува преку судски процес, така што ваквите примери со документите не се реткост, - смета Витус Медија, ЛГБТ-активист. – Алина и нејзината сопруга решија да ја искористат оваа ситуација и на таков начин ги покажаа дупките во руските закони. 

Според материјалите на metronews.ru

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња