Како реагираат Русите на двете невести

Во Русија уривањето на патријархалниот свет започна подоцна и денес еден настан како што е венчавањето на двете невести, сè уште шокира.

Фотографии од приватни архиви

Минатиот месец во Москва се венчаа две девојки. Една од невестите е всушност машко кое се позиционира како жена. Овој настан предизвика негативна реакција во руското општество, но двете невести не му придаваат значење на тоа. Психоаналитичарката со која контактираше „Руска реч на македонски“ ја окарактеризира оваа ситуација како една од појавите на глобалните тенденции: постепено уривање на патријархалното општество и бришење на традиционалните родови улоги.

Венчални фустани 

Две жени се венчаа во Москва
И покрај тоа што во Русија не е дозволено склучување истополови бракови, вчера една двојка успеа да го стори тоа. „Руска реч на македонски“ ви нуди повеќе детали за тоа на кој начин овие две Русинки успеале да го надминат законот и официјално да го регистрираат својот брак.

Поминаа десетина дена откако во Кутузовската служба за матични работи на Москва службено беше регистриран бракот на „двете невести“. Станува збор за две девојки кои се неверојатно слични. Но, во личната карта на една од девојките пишува дека таа е дваесетитригодишен маж кој се вика Дмитриј. Тој се позиционира како андрогин, човек кој не може да се идентификува ниту како машко, ниту како женско. Руските закони, кои традиционално сурово се однесуваат кон претставниците на ЛГБТ заедницата, во овој случај беа немоќни: лицата кои стапија во брак беа од различен пол, така што не постоеше службен повод да се одбие регистрацијата на нивниот брак. Венчавката предизвика голем број скандали, вработените во службата за матични работи саркастично му посакаа на младоженецот да „стане вистински маж“, но бракот помеѓу Дмитриј, кој на социјалните мрежи е познат како Алина Дејвис, и Алиса сепак беше регистриран. Оваа сторија, секако, прилично го вознемири рускиот Интернет. 

Реакцијата на конзервативниот дел од општеството, како што и можеше да се претпостави, беше негативна. Во интервју за Gazeta.ru Алина (Дмитриј) изјави дека од моментот на склучување на бракот “непрестајно им се закануваат“ поради тоа што „ја расипуваат државата“. Но, според нејзините зборови, заканите имаат само анонимен карактер. На руската социјална мрежа ВКонтакте, Алина има објавено пост на кој го критикува руското општество кое покажува прекумерна заинтересираност за апсолутно нормална, според нејзино мислење, појава. „сè почесто ни доаѓа мислата дека толку големата заинтересираност за нашата венчавка е всушност болест на општеството. Па, тоа што се случи е нормална појава. Се зедовме од љубов. Го направивме она што сметавме дека е нормално. Тука нема ништо ненормално и неприлично. И тоа што дојдов во венчален фустан е нормална работа, зашто се чувствувам како девојка“, вели Алина. Претходно на истата мрежа Алина напиша дека „не се позиционира како маж“ и дека во психолошка смисла е девојка. Алина го поврзува тоа со тоа што „девојките се поубави од момчињата“ и, бидејќи нејзе/нему повеќе му се допаѓаат девојки, било логично и правилно да стане една од нив. Така му се приближила на својот идеал. 

Притоа во разговор за „Руска реч на македонски“ Алина изјави дека на почетокот таа и Алиса не планирале да предизвикаат такво внимание и од својата венчавка да направат таков медиумски настан. Но, истовремено, за нив било принципиелно важно да го направат она што сметале дека е потребно: да кажеме, и двете да дојдат во венчални фустани, што предизвика скандал во медиумите. Според Алиса „во реалниот живот, во разговор со луѓе, повеќето се однесуваат позитивно. На Интернет, пак, среќаваме главно негативен став од анонимни автори, иако и таму наоѓаме поддршка“. Алина е уверена дека нивниот случај не е единствен: „Многу андрогини се забавуваат со девојки, но малкумина знаат за тоа“. Во Русија постои мислење дека „дека ако некој се облекува како женско, тоа значи дека е геј“, па затоа Алиса се надева дека по нивниот пример исти такви двојки ќе добијат храброст да го озаконат својот однос.

Фотографии од приватни архиви

Прераспределба на улогите 

Коментирајќи ја ситуацијата за „Руска реч на македонски“, психоаналитичарката Марина Кљашторнаја го опиша случајот како прилично карактеристичен за нашето време. Според неа, моментално западниот свет, а и Русија е дел од тој свет, проживува постепено уривање на патријархалниот свет. Ова вклучува и промена на традиционалните родови улоги. Тоа може да се изрази и во семејствата, во кои основниот приход го обезбедува жената, во различни облици на машка и на женска хомосексуалност, а и во сложени случаи, како што се, да кажеме, андрогеноста и транссексуалноста, односно кога хетеросексуален маж се гледа како жена. Северна Европа и САД во врска со ова прашање отидоа значително напред, па таму толерантноста кон родовите отстапувања за неколку децении станаа општоприфатени. Во Русија ова уривање на патријархалниот свет започна подоцна и денес настанот како што е „венчавката на двете невести“ сè уште шокира. „Прашање на време е“, вели Кљашторнаја. „За извесен период ваквите работи во Русија ќе бидат секидневност“. Но, психоаналитичарката забележала: поради тоа што Русија, што е несомнено, е дел од западниот свет, и држава која во себе ги обединува како европските, така и азиските културни традиции, сосема е можно дека ова уривање на патријархалниот свет да оди побавно одошто на Запад. Значи, односот кон родовите улоги на жените и на мажите, како нешто што е постојано и што не се подвргнува на расправа, ќе останат уште долго време.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња