Станицата „Сталинград“ е отворена во францускиот главен град во 1903 година како Rue d'Aubervilliers. Нејзиното сегашно име, меѓутоа, се појави дури во 1946 година благодарение на блискиот плоштад, плоштадот „Сталинград“ (Place de Stalingrad), посветен на советската победа во Битката за Сталинград во 1943 година.
Отворена во 1904 година, оваа метро станица во Париз го доби своето сегашно име во 1907 година. Сместена под булеварот „Севастопол“ (Boulevard de Sébastopol), името го добива во чест на опсадата на Севастопол за време на Кримската војна (1853-1856).
Оваа метро станица во Париз исто така се однесува на Кримската војна, водена меѓу Руската Империја и сојузот составен од Отоманската Империја, Франција, Велика Британија и Сардинија. Станицата беше отворена 1910 година.
Москва е град-побратим со германскиот Дизелдорф од 1992 година. Метро станицата, отворена во 1993 година, претходно го носеше името U-Bahnhof Handelszentrum. Во 2000 е преименувана во „U-Bahnhof Handelszentrum / Moskauer Straße” (Трговски центар на метро станица / Московска улица) од страна на градоначалникот Јоаким Ервин, во присуство на неговиот московски колега Јуриј Лужков. Во Москва има парк именуван според Дизелдорф, но еден ден можеби ќе се појави и метро станица со истото име.
Оваа станица го носи името Александерплац, кој е централен плоштад именуван во чест на посетата на рускиот цар Александар I на Берлин во 1805 година. Метро станицата е отворена 1913 година, но стана напуштена кога градот беше поделен во текот на Студената војна. Беше реконструирана и повторно пуштена во работа дури во јули 1990 година.
Оваа станица во главниот деловен град на Италија беше отворена во 1978 година и именувана по блиската улица која го носи името Река Москва. Метрото во Москва исто така има станица која ја слави Италија – Римскаја. Исто како и италијанската, оваа станица е дел од светлозелената метро линија.
Ова станица, отворена во главниот град на Белорусија во 1984 година, се наоѓа во близина на улицата „Волгоградскаја“. На почетокот кога беше изградена, минските власти планираа да ја преименуваат блиската авенија од „Ленинска“ во „Московска“, но на крај беше решено тоа да не го направат. Ова е приказната зошто станицата го носи името на улица што не постои.
Во 2011 година властите на Москва и амбасадата на Казахстан се договорија за заемна именување на нови станици. Во 2012, новата станица „Алма-Атинскаја“ се отвори во рускиот главен град, додека во 2015 година новата станица „Москва“ се отвори во Алма Ата. Станицата во главниот град на Казахстан е декорирана во руски стил и бои.
Сѐ до 2011 година најстарото метро во Европа имаше станица „Москва“. “Moszkva ter” (Плоштад „Москва“) беше отворена во 1972 година, но преименувана кога на блискиот плоштад му беше вратено неговото историско име Széll Kálmán tér.
Станицата беше отвореа во 1985 година како Moskevská (Московска) и изградена од советски и чешки архитекти. Во исто време, московското метро ја изгради станицата „Прашка“, исто така благодарение на напорите на советските и чешките архитекти. Додека во 1990 година чешката станица беше преименувана во Anděl, станицата во Москва сѐ уште го има своето чешко име.
Погледнете како се развиваше московското метро во претходните 82 години
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче