Шампиони по абортуси

Ако во Русија на 1.000 жени на родилна возраст отпаѓаат 50 абортуси годишно, во САД бројката изнесува 20, во Велика Британија 18, додека во Германија таа е помала од 10. Извор: PhotoXPress.

Ако во Русија на 1.000 жени на родилна возраст отпаѓаат 50 абортуси годишно, во САД бројката изнесува 20, во Велика Британија 18, додека во Германија таа е помала од 10. Извор: PhotoXPress.

Вештачкото прекинување на бременоста до денешен ден останува една од водечките форми на контрацепција, е забележано во неодамна објавеното истражување што го спроведоа експерти на ООН.

Во Русија на сила е еден од најлибералните закони во однос на абортусите. Не е зачудувачки што земјата ја држи „палмата на првенство“ во однос на овој показател, при што тој е неколкукратно повисок не само од развиените земји, туку и од показателите кои ги имаат нејзините соседи од Сојузот на независни држави. Една од причините за толкавата популарност на абортусите е недостатокот од информации за современите методи на контрацепција. Само 14% од Русинките одговориле дека користат таблети за контрацепција.

Само 14% од Русинките одговориле дека користат таблети за контрацепција.  

Од 1990 година до денес бројот на абортусите во Русија е намален практично за трипати: од 4.1 милиони на 1.2 милиони годишно. Цифрата е сепак многу висока. Ако во Русија на 1.000 жени на родилна возраст отпаѓаат 50 абортуси годишно, во САД бројката изнесува 20, во Велика Британија 18, додека во Германија таа е помала од 10. 

Алексеј Уљјанов, советник на претседателот на општествената организација „Деловаја Росија“ главната причина за ваквата состојба ја гледа во премногу либералниот закон. Навистина, во Русија не претставува никаков проблем да се направи абортус. Како што на еден од форумите пишува една поранешна жителка на Русија која сега живее во Германија, „мојата пријателка во Русија речиси секоја година прави абортус. Таму е сè поставено како на лента: дојди, плати и работата е завршена“. 

Во Русија е моќно да се направи вештачки прекин на бременоста бесплатно до дванаесеттата недела. Исто така, тоа може да се направи и врз медицинска или врз социјална основа. Но, да се прескокне овој проблем е мошне едноставно – постојат голем број приватни клиники, каде, како што се вели, ќе ви го„исполнат секој каприц за вашите пари“. Згора на тоа, законот не предвидува никаква одговорност за лекарот во ваквите случаи.


Мојата пријателка во Русија речиси секоја година прави абортус. Таму е сè поставено како на лента: дојди, плати и работата е завршена 

Имено затоа Алексеј Уљјанов предлага низа мерки со кои би можел да се намали бројот на абортуси во Русија за уште три до четири пати. Меѓу нив се и спроведување на абортусот не на денот кога пациентката ќе дојде во клиниката, туку по една недела, за да има време да размисли. Задолжителен разговор со психолог или со социјален работник. Одговорност на медицинскиот персонал за незаконско вршење абортус и поттикнување кон него. 

Уште еден мошне добар начин за да се намали бројот на абортусите е едукацијата за контрацепцијата. И на ова поле Русите заостануваат зад останатите европски земји. Според заедничкото истражување на економскиот факултет при Московскиот државен универзитет и Институтот за демографии, околу 10% од двојките воопшто не користат контрацепција. Како споредба, овие показатели во Унгарија се на нивото од 4%, во Франција 3%, а во Белгија 2%. 

Притоа речиси 80% од жените изјавиле дека се заштитуваат од несакана бременост. Но, при подетална анкета е установено дека поефективните начини како што е спиралата и таблетите за контрацепција ги користат само 20% и соодветно 14%. Останатите претпочитаат „бабини“ и „дедови“ начини: календарскиот метод и прекинување на половиот акт. 

Ваквата ситуација не зависи многу од местото на живеење. Така на пример, жителките на Москва и на Санкт Петербург би требало повеќе да знаат за современите начини на контрацепција. Но, не е така, кај нив на прво место е презервативот (44% го наведуваат како основен начин за заштита), на второ место се таблетите (16%). 

Можеби причината лежи во цврстата недоверба кон лекарствата. На женските форуми многумина сè уште тврдат дека хормоналните таблети негативно влијаат врз здравјето. За несреќните последици по женското здравје од абортусот, некако многу поретко се замислуваат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња