Колку абортуси има во Русија

Русија во 2011 година имаше 143 милиони жители, што е 5.7 милиони помалку одошто при распаѓањето на СССР во 1991 година. Извор: PhotoXPress.

Русија во 2011 година имаше 143 милиони жители, што е 5.7 милиони помалку одошто при распаѓањето на СССР во 1991 година. Извор: PhotoXPress.

Во Русија бројот на прекратување на бременоста во последно време благо опаѓа, но и понатаму останува доста висок. Либералните советски закони за абортус помалку-повеќе остануваат непроменети. Овој факт, во комбинација со некои други фактори, за последица го има демографското намалување предизвикано од вештачко прекинување на бременоста кое во Русија во 20 век може да се спореди со загубите во трите големи војни.

Демографските загуби предизвикани со абортус во периодот од шеесеттите до осумдесеттите години од минатиот век ѝ нанесоа на Русија 2.5 пати поголеми загуби одошто Првата светска војна, Руската граѓанска војна и Големата татковинска војна заедно. Во последниве пет години бројот на абортуси во земјата опаѓа, но засега ваквата динамика не е особено забележлива. Со цел понатамошно подобрување на овој показател Министерството за здравство има намера да посвети особено внимание на основање кризни центри за трудници и на центри за психолошка помош.

Како Русија и Белорусија се борат со демографската криза
Демографијата е една од приоритетните области на внатрешната политика на Русија и на Белорусија.

Статистиката на абортуси во СССР долго време беше тајна, но објавувањето на податоците од осумдесеттите години од минатиот век сведочи дека земјата го заземала едно од првите места во светот според бројот на абортуси. Според податоците од истражувањето на медицинскиот демограф, докторот на медицински науки Елизавета Садвокасова, во 1959 година на една жена во репродуктивен период во просек се извршувале околу 4 абортуси. Истовремено, како што во своите трудови истакнува Садвокасова, широката легализација на абортуси не довела до целосно искоренување на нелегалните пометнувања. 

Во периодот од шеесеттите до осумдесеттите години од  минатиот век се појавила тенденција на намалување на бројот на абортуси, но општите показатели уште долго време останале мошне високи: просечниот годишен број на абортуси ја надминувал бројката од 4.5 милиони. Проценувајќи ги размерите на ваквата динамика, прочуениот руски демограф Венјамин Башлачев истакнува дека абортусите во периодот од шеесеттите до осумдесеттите години ѝ нанеле на Русија 2.5 пати поголеми загуби одошто Првата светска војна, Руската граѓанска војна и Големата татковинска војна заедно. 

Шампиони по абортуси
Вештачкото прекинување на бременоста до денешен ден останува една од водечките форми на контрацепција, е забележано во неодамна објавеното истражување што го спроведоа експерти на ООН.

Во 2011 година Русија имаше 143 милиони жители, што е за 5.7 милиони помалку одошто во моментот на распадот на СССР во 1991 година. Како причина за намалувањето на бројот на жителите стручњаците ги наведуваат алкохолизмот, лошата исхрана, отсуството на физичка активност, како и либералноста на советските закони во сферата на абортусот. Во октомври 2011 година рускиот парламент го усвои нацрт-законот со кој дополнително е ограничен рокот за извршување абортус. Сепак, законот не ги содржи условите кои ги предложија претставниците на Руската православна црква (воведување задолжителна согласност од страна на мажот и на родителите за малолетните девојки). 

Иницијативата за исфрлање на абортусот од списокот на бесплатни медицински услуги, која беше разгледувана во ноември 2013 година, не ја доби поддршката на претставникот на Министерството за здравство. Директорката на Одделението за акушерство и за медицинска нега на деца при Министерството за здравство на Русија Елена Бајбарина во едно интервју изјави дека министерството стравува од можноста за пораст на бројот на нелегални абортуси, зашто „кај нелегалните абортуси смртноста на жената е исклучително висока“. 

Момчето што не може да не го сакате
За оваа сторија не треба ништо особено да се каже, освен дека навистина го одзема здивот кај секој што ќе ја прочита..

Бајбарина претходно, коментирајќи ја оваа тема во интервју за РИА Новости, зборуваше за намалување на бројот на абортуси во земјата. Во август 2013 година беа објавени податоци според кои на секои 100 пораѓања се извршуваат 50 абортуси. Според статистичките податоци од 2012 година извршени се над 900 илјади абортуси, што претставува 49.7 случаи на 100 пораѓања. „Кај нас бројот на абортуси е во опаѓање, во 2008 година биле извршени 1.236.000, а во 2012 овој број се намалил на 935 илјади. Сепак, овој показател е исклучително висок, што придонесува и за проблемот на неплодност“, изјави Бајбарина. 

Според мислењето на Бајбарина, поттикнување за понатамошното опаѓање на бројот на абортуси ќе биде воспитната работа со жителите, како и организирање служби за помош на жени кои се судриле со тешка животна ситуација или кои решиле да абортираат. 

„Министерството за здравство го поддржува отворањето кризни центри за бремени жени и организирање психолошко-педагошка помош од страна на социјални работници – сметаме дека ваквиот пат кон намалување на бројот на абортуси е најперспективен и најхуман“, заклучува таа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.