Норилск е меѓу најзагадените градови во светот. Компанијата „Норилски Никел“ во градот има три фабрики. Компанијата работи на решавање на еколошките проблеми, но факт е дека пулмоналните, респираторните, кардиоваскуларните и болестите на дигестивниот тракт се раширени меѓу локалното население.
/ Елена Чернишева
Норилск, рударски град северно од Арктичкиот круг.
Елена Чернишева, победничка на натпреварот на World Press Photo, е авторка на документарната серија фотографии сликани во Норилск меѓу февруари 2012 и февруари 2013 година.
Елена Чернишева
Недостатокот на зеленило, студените и снежни зими и лоши услови на животната средина го принудуваат локалното население да создаваат градини во своите станови.
Елена Чернишева
Серијата фотографии „Денови на ноќта - ноќи на денот“ раскажува за секојдневниот живот на жителите на Норилск (2880 километри од Москва), рударски град северно од Арктичкиот круг, во кој живеат повеќе од 170000 луѓе.
Елена Чернишева
Градот, неговите рудници и металуршките фабрики се изградени од затвореници во гулагот.
Елена Чернишева
Компанијата „Норилски Никел“ се занимава со рударство и преработка на никел и паладиум. Таа е главен локален работодавач. Фабриката ги нема ажурирано своите безбедносни процедури уште од нејзината изградба. Работниците дишат со помош на специјално црево.
Елена Чернишева
Зградите во Норилск се наоѓаат многу блиску една до друга за да ги спречат силните ветришта да влезат во станбените квартови на градот.
Елена Чернишева
Повеќето згради се градат во зони на пермафрост и обично се градат на столбови за да се избегнат проблеми поврзани со топењето на пермафростот.
Елена Чернишева
„Со 60% од населението во индустријата, оваа серија сака да ја истражи адаптацијата кон екстремната клима, еколошката катастрофа и изолацијата“, вели Чернишева. Просечната температура е 10°C, а зиме и до -55°C, кога Норилск е во темна поларна ноќ долга два месеци. Животните услови овде се уникатни.
Елена Чернишева
Становите тука имаат по два прозорци за да не бега топлината. Големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура предизвикува кондензација на пареата на стаклата.
Елена Чернишева