Фронтменот на „Рамштајн“: Да не си имате работа со Русите! Русите секогаш нѐ „уништуваа“!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Пејачот и автор на текстовите на легендарната германска рок група „Рамштајн“ Тил Линдеман, кој во младоста беше професионален пливач во Германската Демократска Република (Источна Германија), во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ се присети на интересен случај од својата спортска кариера поврзан со Русите.

Постоела можност Линдеман да се натпреварува на Олимпијадата во Москва 1980, но поради контакти со Западот бил исфрлен од репрезентацијата уште на Европското првенство во Рим. Претходно Линдеман се натпреварувал со познатиот руски пливач Владимир Саљников, кој во Москва исплива 1500 метри за помалку од 15 минути и го освои златото.

„Во Москва ќе имав само 17 години“, се присетува Тил Линдеман. „Саљников во тоа време беше крал! Русите тогаш беа непобедливи. Тие тренираа во вода со температура +18…+19 °С. Тоа се најтврдокорните типови на светот. Тие не чувствуваат болка, издржливи се, многу чувствителни, во нив има многу трагика и имаат огромно срце. Тие секогаш нѐ „уништуваа“. Да не си имате работа со Русите“, заклучува Тил Линдеман.

А руски оркестар има обработено песна на „Рамштајн“. Слушнете како звучи  обработката на Du Riechst So Gut.