Фестивалот „Рок над Волга“ во Самара годинава забележа рекорд во посетеноста - над 700.000 луѓе.
„Рок над Волга“ се одржува од 2009 година, а е посветен на Денот на Русија, кој се одбележува на 12 јуни. Секоја година овој фестивал се одржува во првата половина на јуни. На фестивалската бина настапуваа најголемите домашни и странски рок ѕвезди, а бројот на посетители секоја година е сѐ поголем. Оваа година фестивалот го отвори германската група Рамштајн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче