Видео: руски оркестар свири хит на групата „Рамштајн“

Шоу-оркестарот Russian Style Folkestra од Москва ја обработи песната Du Riechst So Gut.

Германската рок-група „Рамштајн“ објави на својата официјална страница на „Фејсбук“ линк до руска преработка на својот хит Du Riechst So Gut.

Песната ја изведе во свој аранжман шоу-оркестарот Russian Style Folkestra од Москва. На видеото руските музичари ја исполнуваат композицијата на тапани, домри, балалајка-контрабас и дури и на пила.

Видеото со преработката беше објавено на „Јутјуб“ уште во април 2016 година, но германските музичари го открија дури пред неколку дена.

„Повеќе жици отколку во метал група“, напишаа музичарите во коментарот за преработката, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.