На ѕидот пред секоја ќелија пишува кој што направил и како дошол тука. Тоа е еден вид потсетник за чуварите никогаш да не заборават за какви луѓе станува збор. Во ќелиите секогаш е запалено светлото и се проверуваат на секои 15 минути. Затворениците се движат низ ходниците, гледајќи во подот или со заврзани очи, за да им биде тешко да го запаметат патот и да не помислат на бегство. Некои од нив велат дека смртната казна би била подобра од доживотен затвор. Поголемиот број затвореници никогаш не излегуваат од „Црниот делфин“. Од овој затвор никој никогаш нема избегано.