Во Русија усвоен закон за дополнителен паричен надомест за прво дете

Антон Белицки/Global Look Press
Руската Државна Дума едногласно ги усвои законите за подобрување на демографската состојба во земјата, кои во собраниска процедура влегоа по иницијатива на претседателот Владимир Путин.

Се работи за закон за исплата на месечни надоместоци на родителите за првородено дете и продолжување на траењето на програмата за мајчин надоместок која даде извонредни добри резултати, до 2021 година.

Двата предлог-закони кои беа иницирани од страна на претседателот Путин се насочени кон решавање на демографските проблеми во земјата, пишува РГ, напоменувајќи дека првиот предлог предвидува надомест за прво или второ дете сѐ додека не тоа не наполни 18 месеци.

„Според нашите прогнози 47 отсто од семејства ќе можат да бидат корисници на оваа помош“, изјави првиот заменик-раководител на парламентарната група на „Единствена Русија“ Андреј Исаев, истакнувајќи дека тое се оние семејства во кои на пример работи само мажот, а жената во период од една година и половина се наоѓа на породилно отсуство, додека нивниот просечен приход по лице не надминува еден и половина минимум потребен за живот во одреден субјект на федерацијата. Тој додаде дека тоа би требало да ги зголеми приходите на наведените семејства за 20 отсто.

„Таквите семејства ќе добиваат помош во висина на минимумот потребен за живот на детето. Ние веруваме дека ова решение е исклучително важно и актуелно во сегашната ситуација кога Русија се соочува со нови демографски потешкотии“, рече Исаев.

Исплатата на помошта ќе започне на 1 јануари следната година од федералниот буџет. Според податоците на владата, таа ќе опфати околу 340 илјади луѓе годишно. Просечната исплата идната година ќе изнесува 10500 рубли (околу 150 евра), со тенденција да расте и во наредните две.

Предвидена е и можност за месечна исплата за биолошко или посвоено второ дете, до 18-месечна возраст. Овие исплати ќе се обезбедуваат од средствата за мајчински додаток.

Вториот предлог-закон се однесуваше на продолжување на програмата за мајчински додаток за уште три години, како и на проширување на сферата на неговата примена.

„Мајчинскиот додаток сега ќе може да се користи за плаќање на јасли во градинка за деца до три години, односно така се решава проблемот со вработувањето на мајката“, објасни Исаев. Во моментов, правото на мајчински додаток може да се оствари дури откако детето ќе наполни три години.

Како што нагласи тој, во моментов за формирање на семејство стасана е генерацијата родена во 1990-те години на минатиот век.

„Знаеме дека тогаш поради објективни околности дојде до невиден пад на наталитетот, се затвораа градинки, училниците беа полупразни. Денес имаме млади луѓе родени во тие години кои формираат свои семејства. И многу е важно тие да бидат мотивирани за создавање на семејство и раѓање на деца“, вели пратеникот.

На тој начин, со донесување на законот по иницијатива на претседателот Државната Дума испраќа важна порака која ќе овозможи да се надминат тешкотиите во демографската политика во земјата и да им се помогне на младите семејства, пишува РГ.

Прочитајте  Како Русија го стимулира наталитетот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња