Избрано името на мостот кој ги спојува Крим и Кубањ

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во онлајн гласањето за избор на име на мостот преку Керченскиот мореуз победи варијантата „Кримски мост”, соопштија организаторите.

Називот „Кримски мост” доби убедливо најмногу гласови. Далеку зад него останаа варијантите „Керченски мост” и „Мост на соединувањето“, како што се гледа на сајтот назовимост.рф.

Гласањето е завршено во неделата во 00:00 часот според московско време.

Овој нов назив ќе се појави на картите и патоказите.