Вработен на аеродром уапсен во Москва поради рударење на криптовалути

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Работното место дефинитивно не е најдобар простор за рударење на биткоини или на криптовалути воопшто.

Според Телеграм-каналот „Mash“, руското ФСБ извршило претрес на московскиот аеродром Внуково на 15 декември. Еден од вработените, вработен како систем-администратор, наводно направил фарма за рударење на биткоин на своето работно место.

Таквата одлука можеби изгледа логично, затоа што е потребно многу струја за рударење на криптовалути, но истовремено одлуката е незаконска, затоа што наведениот службеник ги користел енергетските ресурси на аеродромот. Поради таа причина припадниците на ФСБ го приведоа и му го одзедоа компјутерот.

Засега е непознато дали уапсениот ќе може да рудари зад решетки.