Чичко од рускиот Далечен Исток црта огромни новогодишни честитки на заледена река

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Валериј Мељников, глув пензионер од Амурската област, седми пат им ја честиташе на сите соседи од своето село претстојната Нова година на многу оригинален начин.

Овој жител на селото Марково во близина на границата со Кина во 2012 година реши да направи необична новогодишна честитка. Зеде лопата и црташе фигури, чистејќи го снегот од заледената површина на реката.

На неговите соседи толку им се допадна честитката што наредната година Валериј ја повтори. Всушност, оттогаш ја повторува секоја година. Овој декември тој исто така нацрта елки, снешко и животни од бајките.

Локалниот весник „Амурскаја Правда“ пишува дека уметникот често оди да ја провери својата честитка и да ја доведе во ред ако треба. А жителите на неговото село велат дека овие честитки се локален зимски бренд.