Космополитизмот на московските божиќни панаѓури

Ако некој сака сам да направи подарок за пријателите и за семејството, тоа ќе може да го стори во работилниците за изработка на украси за елка и за новогодишни декорации за на маса. Извор: PhotoXPress.

Ако некој сака сам да направи подарок за пријателите и за семејството, тоа ќе може да го стори во работилниците за изработка на украси за елка и за новогодишни декорации за на маса. Извор: PhotoXPress.

Оваа година во Москва ќе бидат отворени над стотина новогодишни и божиќни панаѓури, кои, освен вареното вино, колачиња, елки, лизгалишта и разни други радости, ќе го покажат космополитскиот дух на руската престолнина: посетителите ќе можат буквално да прошетаат низ божиќната Европа.

Варено вино, лижавче-петле, чоколаден Дедо Мраз и други детали кои ги најавуваат радоста и веселбата – сето тоа е составен дел од новогодишниот панаѓур. Во Москва оваа година ќе бидат отворени над стотина панаѓури, на кои посетителите ќе можат во целост да ја доживеат атмосферата на Нова година и Божиќ, омилените празници во Русија. Веќе започна украсувањето на градските фасади и улици, а од 23 декември ќе бидат отворени и најзначајните панаѓури. Оваа година највпечатлив меѓу нив ќе биде „Стразбуршкиот панаѓур“ на Манежниот плоштад. На свеченото отворање на 23 декември ќе присуствува и градоначалникот на Стразбур Ролан Рис, а панаѓурот ќе се прикаже во сиот свој сјај дури во следните денови. На плоштадот под ѕидините на Кремљ ќе бидат подигнати дваесетина убави планински брвнари, како оние што обично ги гледаме на рекламите за „Кока-Кола“. Целта на организаторите е во целост да ја доловат атмосферата на традиционалниот европски божиќен панаѓур. Посетителите ќе можат да купат подароци, сувенири, елки, играчки, француско печиво и многу други работи.

Од 22 до 30 декември ќе можете да го посетите божиќниот панаѓур во конгресно-изложбениот центар „Сокољники“. Организаторите сакаат да ја доловат атмосферата на европскиот Божиќ, потпирајќи се на искуството и традицијата на француските, германските, белгиските и австриските панаѓури.

Во Рускиот изложбен центар веќе е подигнато цело село – над педесет дрвени куќички со изрезбани прозорци. Во куќичките се сместени тезгиња со рачно насликани играчки, топли ракавици, медени колачиња со ѓумбир и останат традиционален новогодишен асортиман. Некои куќички се уредени како кафулиња, во кои посетителите можат да се напијат чај, варено вино со цимет или некој посилен алкохолен пијалак. Ако некој сака сам да направи подарок за пријателите и за семејството, тоа ќе може да го стори во работилниците за изработка на украси за елка и за новогодишни декорации за на маса и сл. Организаторите планираат покрај фонтаната „Пријателство меѓу народите“ да направат големо лизгалиште со површина од десет илјади квадратни метри. Бидејќи температурите во престолнината веќе паднаа на -10, сите предуслови за ледената веселба се исполнети. За разлика од поголемиот дел други панаѓури, овој, во Рускиот изложбен центар, отворен е уште на 24 ноември. Очигледно е дека за празнични радости никогаш не е премногу рано.

Божиќно село во Серускиот изложбен центар. Извор: Ридус.

Божиќно село во Серускиот изложбен центар. Извор: Ридус.

Од 22 до 30 декември ќе можете да го посетите божиќниот панаѓур во конгресно-изложбениот центар „Сокољники“. Организаторите сакаат да ја доловат атмосферата на европскиот Божиќ, потпирајќи се на искуството и традицијата на француските, германските, белгиските и австриските панаѓури. Посетителите ќе имаат можност да купат производи од старите занаети и традиционални божиќни сувенири, но и кристали, крзно, па дури и модели на познати креатори. За посетителите на панаѓурот ќе бидат одржани работилници за готвење, за везење, за изработка на цвеќе од керамика и сл. Според тоа, во изложбениот центар „Сокољники“ ќе биде отворен специјален „Фармерски кафе-ресторан“ кој ќе понуди јадења подготвени од еколошки чисти намирници од фармите од околината на Москва. 

Еден панаѓур лесно може да помине незабележан, доколку посетителите не дознаат за него навреме. Имено, тој ќе трае само два дена (22 и 23 декември). Станува збор за панаѓур што го организира магазинот „Season“ во паркот „Ермитаж“. И тој е инспириран од европската традиција и ќе се обиде што пореално да ја долови атмосферата на Стариот свет. Панаѓурот на магазинот „Season“ се одржува четврта година по ред и ја зазема сета површина на паркот „Ермитаж“. Ќе бидат подигнати над педесет тезги со најразлични играчки, украси и ракотворби. Посетителите ги очекува лизгање, снежни топки и санкање, а потоа кафулиња со варено вино и медени колачиња со ѓумбир. Навистина, за влезница треба да се издвојат 350 рубли, но влезот е бесплатен за деца помлади од десет години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња