Најважните идеи, својствени на движењето, како што се патриотизмот, единството, чувството на единство и братство, го најдоа својот одраз во изгледот на уредот.
Уредите од оваа линија се дизајнирани во две верзии, со тробојка од композитен камен со ефектен натпис Putin Team и во нешто покласична, во комбинација од егзотична кожа, оникс и позлата. Како што истакнуваат од оваа компанија, се работи за еден од најелегантните и најуспешни дизајни на смартфон.
Во понудата ќе биде вклучена и варијанта на телефонот со тастатура од титаниум, а ќе се произведуваат во ограничени серии од 99 примероци.
Caviar неодамна претстави унапреден iPhone X со соларни батерии кои не дозволуваат да се испразни уредот.