Хотел на Крим ја доби наградата „Водечко одморалиште во светот“

Mriya Resort & Spa
Воопшто не е лошо за хотел отворен пред само три години, нели?

Mriya Resort & Spa, хотелски комплекс со пет ѕвездички на Крим, на 10 декември беше прогласен за најдобро одморалиште на годината од страна на World Travel Awards.

Руската престолнина на културата, исто така, беше пофалена на церемонијата: Санкт Петербург ги освои двете „Светска водечка градска дестинациа 2017“ и „Светска водечка културна градска дестинација 2017“, додека националниот авиопревозник „Аерофлот“ го освои „Светски водечки авионски бренд во 2017 година“.

Mriya Resort & Spa претходно освои бројни европски награди, но никогаш меѓународна награда. Оваа година ги претекна Atlantis The Palm во Дубаи, „Каса де Кампо“ во Доминиканската република, Forte Village Resort во Италија и египетското одморалиште Hyatt Regency во Шарм Ел Шеик.

Интересна забелешка: веб-страницата на The World Travel Awards не наведува која земја ја претставува Mriya, за разлика од другите хотели.

Отворен во 2014 година, Mriya Resort & Spa продолжува да импресионира со својот уникатен дизајн. Познатиот британски архитект сер Норман Фостер - одговорен за стадионот Вембли и Милениумскиот мост во Лондон и Кулата Херст во Њујорк - го направи проектот. Територијата на одморалиштето зазема 27 хектари и вклучува неколку ресторани, вили, медицински и фитнес центар и, се разбира, плажа.

Изградбата на одморалиштето го чинеше сопственикот „Сбербанк“ (руска државна банка) околу 300 милиони долари. Според директорот на одморалиштето Грант Бабасјан, повеќе од 100000 гости престојувале во одморалиштето во последните три години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња