Топ 10 неверојатни причини за да го посетите Крим налето

Синиот залив. Извор: Lori / Legion Media

Синиот залив. Извор: Lori / Legion Media

„Руска реч на македонски“ ви презентира 10 спектакуларни „бисери“ направени од човекот и природата кои вреди да ги спакувате во вашите торби кога одите на Крим.

Крим е полуостров на богатствата. Грците, Османлиите, Римјаните, Скитите и многу други цивилизации од Истокот и Западот војувале за Крим, живееле тука, граделе градови, создавале уметнички дела. Сепак, дури и најголемите уметнички дела создадени од човекот не можат да се споредат со оние кои ги има создадено природата на полуостровот. Не е чудо што многумина го нарекуваат Крим „Рај на Земјата“, според научниците, 45 паралела, која го опфаќа полуостровот, е златниот дел на нашата планета, еден од најповолните кога станува збор за климатските услови во места каде што може да се живее на Земјата. 

Синиот залив 

Селото Синиот залив е сместено на јужниот брег на полуостровот, 20 километри од големиот град Јалта. Од сите страни, селото е обиколено од планини – Кримските планини од север, - Мачкината планина од исток, наречена така поради нејзината карактеристична форма. Климата овде е сува и топла. 

Историјата на селото датира повеќе од 3000 години – тука имало пат што водел до западниот дел на полуостровот од југ, преку преминот „Ѓаволски скалила“ или Шејтан Мердвен. Освен „Ѓаволските скалила“,  вреди да се погледне и Леменската долина, Мачкината планина, врвот Ај-Петри, карпите „Лебедово крило, Дива и Панеа. 

Нов свет 


Извор: Lori / Legion Media

Селото Нова Светлина потекнува од доцниот XIX век, благодарение на принцот Лав Голицин, основачот на руското винарство; тука тој отворил фабрика за производство на пенливи вина. Отпрвин селото било наречено Рај, но откако Николај II го посетил местото, населбата била преименувана во Нов Свет на барање на царот. Две палати на принцот Голицин останале недопрени, врз руините на тврдината Босфор работи винарница, преку која Нов Свет стана еден од центрите за мошне профитабилен вински туризам. Освен тоа, околината на селото е заштитена зона - благодарение на старите градини со смрека и живописните заливи со пештери. Најзначајната од нив е Отворената пештера, која Црноморските пирати ја одбрале за прибежиште пред стотици години (луѓето таму сè уште трагаат по богатство на пиратите, и морам да кажам, безуспешно). Пештерата води до Заливот на Ограбувачот каде пиратските бродови запирале во деновите кога тргувале со Античките Грци. 

Мермерната пештера 


Извор: Lori / Legion Media

Оваа пештера е уникатна по својата убавина; има многу соби и галерии и влез на 920 метри надморска височина. Беше отворена за туристи во 1989 година и има соодветна инфраструктура. Маршрутата за туристите е долга еден и пол километар. Маршрутата почнува во галеријата на Бајките, со многуте сталактити и сталагмити. Во салата Перестројка (една од најголемите во Европа) можат да се видат камените водопади, синтер-столбови и корални цвеќиња. Долната галерија на пештерата е природен минералошки музеј. Според спелеолозите, Мермерната пештера е меѓу петте најубави пештери на светот и е една од најчесто посетуваните пештери во Европа. 

Успенскиот манастир и Чуфут Кале 


Извор: Lori / Legion Media

Сместен недалеку од Бахчисарај се наоѓа пештерскиот град Чуфут Кале, основан во VI век. Во неговиот западен, најстар дел, преживеале бројни простории за живот издлабени во пештерите, како и остатоците од џамијата и мавзолејот што припаѓале на ќерката на ханот на Златната Орда Тохтамиш. Двата Карајте храма и еден имот што се состои од две куќи  се исто така зачувани. Има и 80-метарска подземна галерија, 30-метарски бунар, остатоци од стара џамија, стари Карајте гробишта и света дабова шума. Недалеку од Чуфут Кале е манастирот Свето Успение, основан во VII век, еден од најстарите на Крим: комплекс од цркви и капели, издлабени директно во карпа. 

Џеновската тврдина


Извор: Lori / Legion Media

30-хектарскиот замок бил изграден во XIV век за одбрана на колонијата на Џеновската Епархија на Крим. Тврдината се наоѓа на еден конусовиден корален гребен близу заливот Судак во Црното море.  Во текот на втората половина на XII век во Судак се појавиле емисари на Византиската држава – венецијанци, пизани и џеновјани. Тие почнале активно да тргуваат со Русите, Половците и трговци од Централана Азија. Постепено, џеновјаните го окупирале целиот брег на Босфорот (Керч) до Херсонесос (модерно предградие на Севастопол). Кафа (Феодосија) станал главниот град на нивните колонии на Крим, а Судак – воена база. Почнале со изградба на Џеновската тврдина.   

На местото на постојната тврдина на имало уште постаро утврдување од VI век кое било изградено од џеновјаните и споено во една тврдина. Многумина научници го поврзуваат појавувањето на првите одбранбени структури со Хазарите или Византијците. 

Тарханкурт и Алејата на лидерите 


Извор: Lori / Legion Media

На територијата на полуостровот Таркханкурт, во западниот дел  на Крим можат да се видат остатоците од полисот Калос Лимен, основан од грчките Јонци, Скитски гробишта, два века стариот светилник.  На полуостровот нема река, но има неколку солени естуари, од кои најголемиот, заливот Донузлај, е најголемото езеро во црноморскиот регион. 

На територијата на полуостровот Таркханкурт, исто така се наоѓа и познатиот споменик на природата, Џангулскиот лизгав брег – овде можат да се видат многу бизарни карпи, лизгања на земјиштето, лавини и одрони. Целиот брег на полуостровот е популарен меѓу љубителите на нуркањето, сурфање со змејови и сурфање на ветер.

Исто така постои и подводниот музеј „Алејата на лидерите“ на дното на Црното Море, се наоѓа на длабочина од 12 метри на 100 метри од брегот. Ако се осмелувате да нурнете, можете да ги видите потонатите статуи на Ленин, Маркс, бистите на Гагарин – политичари од висок профил, уметници и херои на Советскиот Сојуз. За да го посетите музејот, доволно е да изнајмите опрема и да бидете обучени. Музејот се наоѓа во близина на селото Оленевка. 

Таурискиот Херсонес


Извор: Lori / Legion Media

Античкиот „Тауриски Херсонес“беше ставен на листата на градови заштитени од УНЕСКО како еден од стоте најубави споменици на светската култура. Овде можете да прошетате по старите улици, да го видите старото ѕвоно за тревога и белите камени столбови на средновековните цркви, како и да талкате меѓу урнатините на античкиот театар. Херсонес  го основале Античките Грци во VI век п.н.е., во V век н.е. полисот станал дел од Византиското  царство. Повеќе од 2000 години градот бил важен политички и културен центар во Црноморскиот регион. Политичките противници на византиските владетели – папата Мартин, соборениот император Јустинијан II биле во егзил во Херсонес. 

Керч


Извор: Lori / Legion Media

Едниот од најстарите населени градови на светот, Керч (порано – Босфор) се наоѓа на бреговите на теснецот Керч. На местото каде што денес се наоѓа Керч, била основана старата населба Пантикапеум во V век п.н.е., а недалеку  од неа може да се видат ископините од античкиот град Мирмеки, основан од Грците во VI век п.н.е. Криптата на Деметра, антички споменик на сликата на Босфорот од I век н.е. се наоѓа во центарот на градот; повеќе од 20 антички споменици се наоѓаат околу Керч – од грчките полиси, до најстарите цркви на територијата на ЗНД. Покрај тоа, Булганското плато (Вулканите во Кримската долина) се наоѓа во близина на градот. 

Бахчисарај 


Извор: Lori / Legion Media

Преведено од јазикот на кримските Татари, Бахчисарај значи „градина-сарај“. Ова е една од најмаркантните  знаменитости на Крим – старата престолнина на Кримското ханство. Основниот историски споменик на Бахчисарај е палатата на Кримските ханови – Хансарај. Хансарај  е единствениот модел на светот за архитектурата на палатите на Кримските Татари. Најстарите градби на комплексот на палатата се џамијата на Великиот хан од  IX век и бањските структури на Сари Гусел кои датираат од 1532 година. Фонтаната на солзите во палатата на Великиот хан е  прославена во романтичната поема на Александар Пушкин „Бахчисарасјката фонтана“ (1822). Освен ова, вреди да се видат и ханските гробишта, мавзолејот на љубената жена на Гирај, ханот на Крим,  изграден во XVIII век,  Соколовата Кула и Музејот на уметноста. 

Балаклава 


Извор: Lori / Legion Media

Според легендата, на војниците од британската армија во текот на Кримската војна во средината на XIX век им било толку студено близу кримскиот град Балаклава, што тие измислиле плетена капа со истото име. Преведено од турски, балаклава значи „торба за риби“ или „време за риболов“. Најверојатно, на почетокот на I век н.е. никнала населба на местото кое постојано се споменува од Хомер во неговата „Одисеја“ како градот Ламос. Во век ова грчко селце потпаднало под влијание на џеновјаните кои овде ја изградиле тврдината Чембало – нејзините живописни  урнатини преживеале до ден денес. Само еден век подоцна, Турците, и уште три века подоцна – запорошките Козаци, го освоиле градот. На крајот на XIX и почетокот на XX век Балаклава се претворил во омиленото одморалиште во Руското царство, принцовите Јусупов и Голицин ги изградиле своите имоти овде. Неговата историја од советскиот период е фасцинантна поради првите курсеви за нуркање кои биле организирани во Советскиот Сојуз и поради подземната фабрика за поправка и снабдување на подморници која исто така била изградена таму.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња