Кои се најплатените професии во Русија?

Global Look Press
Министерството за труд на Русија ѕирна во паричниците на претставници на најразлични професии.

Руските новински агенции денес ја објавија ранг-листата на најплатените стручњаци во земјата. Листата е составена од Министерството за труд на РФ.

Според податоците од првата половина на оваа година, најголема плата имаат капетаните на прекуокеанските бродови - 500 илјади рубли (околу 7350 евра), додека нешто помалку, поточно околу 350 илјади рубли месечно (5150 евра), заработуваат пилотите. Додуша, се станува збор само за првите пилоти. На третото место на ранг-листата со нешто повеќе од 300 илјади рубли се наоѓаат главните технолози во секторот за добивање на злато. Речиси иста плата имаат и главните тренери на хокеарските тимови. На петтото место се шефовите на градилишта со заработка од 250 илјади месечно. Помалку, но сепак е тоа завидна сума, заработуваат стоматолозите, проценителите на ризик, електроинженерите и аналитичарите во IT-сферата.

Министерството за труд го ажурираше и списокот со најбарани стручњаци. На првото место на таа листа се наоѓаат инженерите-технолози, на втората позиција се техничарите во службата за одржување и ремонт, а на третата се мајсторите за регулација на алатните машини, како и оние кои работат на нив. Потоа доаѓаат лекарите и медицинските сестри, како и книговодителите. Без проблем наоѓаат работа и квалификуваните работници како што се заварувачите, стругарите, електромонтерите, ѕидарите и готвачите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња