Актуелниот сопственик на автомобилот тврди дека возилото има поминато само девет километри. Цената на теренецот кој и покрај своите 50 години се наоѓа во одлична состојба е 14900 евра.
ЛуАЗ-967 е воен транспортер наменет за евакуација на ранети од боиште. Покрај беспаќата кои го совладува без никаков проблем, тој може да се движи со мала брзина и во вода. Советските инженери не му ставија дополнителни елиси, затоа што автомобилот се движи со вртење на тркалата.
Заклучокот на видео-блогерот Иван Зенкевич, кој го тестираше овој за око ни малку импресивен автомобил што се произведуваше од 1961 година во Луцката фабрика за автомобили (врз база на, како што вели тој, најсмешниот домашен автомобил „Запорожец“), е дека во Советскиот Сојуз и Русија се произведувале најразлични теренци, но дека ниту еден немал способност за совладување на непристапни терени како амфибијата ЛуАЗ.