Нов руски воен автомобил: Отпорен на сè живо, но без покрив и врати

Државниот универзитет на Толјати
Возилото е јако и брзо, но прашање е дали руската армија ќе може да ги согледа предностите на новиот прототип за кој се тврди дека е отпорен на многу опасни фактори

Новиот автомобил кој е конструиран специјално за воени цели е всушност лесно теренско возило, отпорно на оган и на мраз, и невидливо за радари. Недоумица предизвикува само неговиот дизајн.

Автомобилот е дизајниран врз основа на легендарното теренско возило Ника што го произведува рускиот автомобилски гигант Лада. Станува збор за двосед со мал габарит, но според сè се работи за мошне добар теренец. Од друга страна, се чини дека инженерите запоставиле сè друго, зашто автомобилот нема ниту покрив, ниту врати, и е со мошне едноставен изглед.

Државниот универзитет на ТолјатиДржавниот универзитет на Толјати

„Подобрената“ верзија на Нива е конструирана специјално за потребите на армијата и за првпат ќе биде прикажана на јавноста на военотехничкиот форум „Армија-2017“ кој од 22 до 27 август се одржува во изложбениот центар „Патриот Експо“ во Московската област.

Државниот универзитет на ТолјатиДржавниот универзитет на Толјати

Конструкторите тврдат дека возилото е отпорно практично на сè – од корозија до оган, од мраз до хемиски средства и радијација.

Велат дека ваквите исклучителни својства добиени благодарение на композитните полимери од кои е направено возилото. Овој материјал е отпорен на различни штетни влијанија, но лесно може да биде исправен со чекан доколку се деформира.

Државниот универзитет на ТолјатиДржавниот универзитет на Толјати

Се наметнува само едно прашање: Доколку возилото е отпорно на оган, на студ и на радијација, зарем не би требало да има покрив?! Не, не би требало. На крајот на краиштата сепак станува збор само за прототип.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња