Воз посветен на Светското првенство 2018 пуштен во работа во московското метро

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Повозете се и запознајте ја маскотата на првенството „Забивака“.

Нов сино-црвен воз посветен на претстојното Светско првенство е пуштен во сообраќај на Кружната линија во московското метро.

Во вагоните луѓето можат да прочитаат интересни факти за претходните првенства, да видат култни фудбалски фотографии и да се запознаат со официјалната маскота на шампионатот – волкот наречен „Забивака“ (Голгетер).