Виталиј Мутко, вицепремиер на Русија и претседател на Рускиот фудбалски сојуз го открива постерот за Светското фудбалско првенство 2018 на кој е прикажан советскиот голман Лав Јашин.
Сергеј Фадејчев/TASSОфицијалниот постер на ФИФА за Светското првенство во фудбал, презентиран на 28 ноември 2017 во Москва, го прикажува најпознатиот советски фудбалер – неспоредливиот голман Лев Јашин (1929 - 1990), кој играше за националната селекција на СССР во периодот од 1954 до 1970 година.
Јашин беше меѓународна ѕвезда, признаен низ целиот свет. Тој беше прогласен за најдобар голман во 20 век од страна на ФИФА и ИФФХС (Меѓународната федерација на фудбалската историја и статистика). „Не се сомневавме при нашиот избор“, коментира Виталиј Мутко, руски вицепремиер и претседател на Рускиот фудбалски сојуз, при презентацијата на официјалниот постер.
Првиот примерок од новиот плакат на Јашин му беше даден на актуелниот руски репрезентативен голман Игор Акинфеев. „Јашин беше одличен голман, тоа е чест за мене“, рече Акинфеев. „Ќе бидам среќен ако можам да бидам блиску до неговото ниво“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче