На официјалниот постер за Светското првенство во фудбал 2018 прикажан легендарен фудбалер на СССР

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Лав Јашин беше најпознатиот голман во историјата на Русија и на СССР.

Официјалниот постер на ФИФА за Светското првенство во фудбал, презентиран на 28 ноември 2017 во Москва, го прикажува најпознатиот советски фудбалер – неспоредливиот голман Лев Јашин (1929 - 1990), кој играше за националната селекција на СССР во периодот од 1954 до 1970 година.

Јашин беше меѓународна ѕвезда, признаен низ целиот свет. Тој беше прогласен за најдобар голман во 20 век од страна на ФИФА и ИФФХС (Меѓународната федерација на фудбалската историја и статистика). „Не се сомневавме при нашиот избор“, коментира Виталиј Мутко, руски вицепремиер и претседател на Рускиот фудбалски сојуз, при презентацијата на официјалниот постер.

Првиот примерок од новиот плакат на Јашин му беше даден на актуелниот руски репрезентативен голман Игор Акинфеев. „Јашин беше одличен голман, тоа е чест за мене“, рече Акинфеев. „Ќе бидам среќен ако можам да бидам блиску до неговото ниво“.