Пехарот за Светското првенство и официјалната топка „Адидас Телстар 18“ за Светското фудбалско првенство во Русија.
Global Look PressФудбалските навивачи имаа уште една шанса да купат билети за Светското првенство на 16 ноември, но мораа да бидат брзи. Втората фаза од продажбата не траеше долго: вкупно 159402 билети беа продадени (98 отсто од достапната квота) за само неколку часа.
Додека организаторите планираа да ја вршат продажба до 28 ноември, сега само мал број на билети останаа во продажба.
Според ФИФА, 51 отсто од барањата за набавка потекнуваат од Русија, додека останатите 49 отсто - од други земји, вклучувајќи ги Мексико, САД, Бразил, Колумбија, Кина, Австралија, Германија и Индија.
Нова серија билети ќе биде достапна за купување на 5 декември, по завршниот ждреб.
Првата продажба започна на 1 октомври, кога беа продадени неверојатни 622117 билети за возбудените фанови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче