Руската полиција формираше „специјална единица за мраз”

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Властите им објавија војна на мразулците кои претставуваат опасност за минувачите.

Зимата во Русија носи многу опасности: заледени патишта, лизгави скалила, температури под нулата... и остри мразулци кои од зградите паѓаат врз минувачите.

Властите на Санкт Петербург решија да дејствуваат: формираа ново одделение кое би требало да спречи луѓето на улиците да гинат од мразулци. Веста на својот Фејсбук профил ја пренесе еден активист за човекови права. Тој го објави службениот документ што ја опишува улогата „специјалната единица за мраз”. Една од нејзините задачи е надгледување на фасадите на зградите.

Одделението планира да користи нова технологија за отстранување на мразулците пред да паднат. Претходно за тоа се користеа железни шипки, но поранешниот губернатор на Санкт Петербург Валентина Матвиенко рече дека земјата не би требало да остане во „камено доба”.

„Мораме да пронајдеме друг начин. Мразулците би требало да се отстрануваат со ласери или водена пареа”, изјави таа.