Видео: Полицијата во Москва фати избегано пони

Московската полиција соопшти дека фатила избегано пони и им го вратила на сопствениците.

Полицијата во Москва фати избегано пони и им го врати на сопствениците, се вели во соопштението на сајтот на ГУМВР на Русија за Москва.

Откако полицијата добила пријава дека по делот за пешаци на улицата „Новомарјинска“ шета без надзор пони, припадниците на полицијата излегоа на местото и го фатија животното.

Како што се покажа, понито избегало од зоолошката градина на улицата „Љублинска“. Откако претставниците на компанијата ги презентираа документите за животното, тоа повторно беше вратено во зоолошката градина, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња