Руски полицаец скокна во реката Москва и спаси жена

Сообраќаен полицаец спаси девојка од автомобил кој падна во реката Москва во центарот на главниот град на Русија, соопшти МВР РФ.

Сообраќаен полицаец спаси девојка од автомобил кој падна во реката Москва во центарот на главниот град на Русија, соопшти за РИА „Новости“ портпаролот на МВР РФ Ирина Волк.

Несреќата се случи на Ростовскиот кеј вчеравечер. Во несреќата во реката падна автомобил „Субару Форестер“, регистриран во Рјазанската област. Зад воланот на возилото се наоѓаше една девојка.

Според портпаролот на МВР РФ, штом сообраќајните инспектори пристигнале на местото на настанот, еден од нив ги информирал за инцидентот оперативните служби на градот. Без да го чека пристигнувањето на спасувачите, полицаецот скокнал во водата и ја извадил жената од возилото.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња