Децата во сибирското село Ојмјакон одат на училиште и кога е страшно студено.
Некои училишта на Запад се затвораат која е премногу студено, но децата во руското село Ојмјакон во Јакутија ја немаат таа среќа.
Тоа е најстуденото постојано населено место на светот и децата во тоа село одат на училиште дури и кога, како на пример денеска, температурата падне под -50°C (што е таму просек за јануари).
Според локалниот информативен сајт Ykt.ru, дури ни толку ниската температура не е доволна причина за откажување на наставата. Најниската кога било забележана температура во селото била дури -71°C!
Во овој крај, кој е познат и како еден од „половите на студот“, живеат околу 500 луѓе. Училиштата се затвораат дури кога температурата надвор ќе падне под -52°C, како што пропишуваат локалните власти.
Во Јакутск, главниот град на Јакутија, наставата се откажува на „само” -50°C. Така што следниот пат кога ќе морате да одите на училиште или на работа на ветар, дожд или снег, подобро да не се жалите!