Такси „пливаше“ во река во Санкт Петербург

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Возилото издржа околу 20 минути пред конечно да потоне.

Минувачите во центарот на Санкт Петербург беа длабоко изненадени ноќта на 17 ноември кога во реката Мојка (канал на делтата на реката Нева) видоа такси. Жолто, со лого „Јандекс.Такси“ (Yandex.Taxi - една од најпопуларните такси служби во Русија), автомобилот се движеше во водата како некој вид џиновска амфибија.

Според сведоците, таксито се движело околу 20 минути, со двајца мажи внатре - возачот и патникот – кои викаа дека не знаат да пливаат. За нив, ситуацијата дефинитивно не беше забавна! Луѓето на брегот се обидоа да им фрлат јаже, но не успеаја да го дофрлат до автомобилот. За среќа, спасувачките екипи пристигнаа точно на време за да ги спасат двајцата од возилото што тонеше.

Сé уште не е јасно како автомобилот успеа да издржи 20 минути над водата. Корисниците на социјалните медиуми се пошегуваа дека сето тоа е реклама за „Јандекс.Такси“: „Нашите таксија се водоотпорни!“ (За среќа, не беше реклама).