Воз на смртта во Сочи: Луѓе останаа да висат во воздух со главата надолу

Евгенија Новоженина/RIA Novosti
Љубителите на адреналин останаа заглавени во возот на смртта, иако претставничка на паркот изјави дека возот е намерно да запрен поради лошото време.

Луѓето кои на 12 ноември се возеа во возот на смртта во забавниот парк во Сочи останаа да висат во воздух кога возот ненадејно запре.

Жената која го виде и сними инцидентот изјави: „Во шок сум, возот зад мене запре. Се расипа и не работи. Луѓето седат во него“.

Не е познато колку долго луѓето останале заглавени во возот на смртта. Меѓутоа, претставничка на паркот изјави дека возот не се расипал, туку дека бил запрен поради силниот ветар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња