Фудбалските легенди - Французинот Зинедин Зидан, Бразилецот Кака, Италијанецот Алесандро Дел Пјеро, Германецот Лукас Подолски и Шпанецот Чаби Алонсо го посетија паркот „Зарјадје“ во Москва на 9 ноември.

Zinedine Zidane/Instagram
Во рускиот главен град тие ја претставија официјалната топка за Светското првенство 2018. Презентацијата се одржа во „Артплеј дизајн“ центарот.
Топката наречена „Телстар 18“ беше дизајнирана од „Адидас“ и претставена на играчите, поранешни светски шампиони.

Zinedine Zidane/Instagram
По церемонијата фудбалерите беа фотографирани на едно од обележјата на паркот „Зарјадје“, висечкиот мост над реката Москва, кој 20 минути беше затворен за јавноста за претходно споменатото фотографирање.