Сувенир „биткоин“ пронајден на улица во Русија

Pixabay
Некои луѓе поверуваа дека се работи за вистинска валута.

Жител на рускиот град Воронеж пронајде биткоин во форма на сувенир на една од улиците, објавија руските медиуми.

Тој случајно наишол на него во еден од градските паркови. „Мислев дека го загубил еден од припадниците на нашата „златна младина“, се пошегува човекот. „Сега кога ме прашуваат дали имам биткоин, велам дека имам. Но, претпочитам да го заменам за крипто верзијата – во моментов вреди повеќе од 6000 американски долари. "

Таквите сувенири може да се купат за 70 до 100 рубли (околу 1,2 до 1,7 американски долари) во руските продавници.

И покрај фактот дека биткоинот е виртуелна валута и дека не постои во физичка форма (иако постојат специјални серии на биткоин монети н кои се наоѓа приватен клуч со одреден износ на биткоини), луѓето често бидуваат измамени од измамници. Така, едно лице во Калуга купило две такви монети за 1000 рубли (околу 14 долари).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња