Лев Левченко, жител на Сочи, го тужи рускиот авиопревозник „Аерофлот“ затоа што не можел да заспие во текот на лет, пренесуваат медиумите.
Причина за несоницата било неподносливото шушкање на амбалажата во која е спакувана храната што им се дели на патниците во текот на летот. Како што наведува Левченко во описот на неговата работа, тој понекогаш има и по неколку летови дневно и недостигот на сон им нанел штета на неговите деловни вештини (преговарањето).
Тој бара отштета од 999999 рубли (околу 17000 американски долари), но и да се замени целофанот на пакувањето на храната кој произведува толку несносен звук на шушкање.
И додека „Аерофлот“ не знае ништо за тужбата, претставник на Пресненскиот суд во Москва изјави дека тужбата пристигнала дека судијата има пет дена да донесе одлука дали ќе ја земе за разгледување.