Руски стјуардеси спасија дете чие срце запрело да чука во текот на летот

Стјуардесите беа прибрани и на време извршија реанимација.

Стјуардеси од компанијата „Уралски авиолинии” спасија десетгодишно момче на кое му се слошило во текот на летот. Како што изјави очевидец за порталот 66.RU, тоа утро авионот полетал од Екатеринбург за Симферопол. Набрзо по полетувањето, на детето одненадеж престанало да му чука срцето.

Стјуардесите беа прибрани и на време извршија реанимација. „Посадата моментално реагираше и направи сѐ за да го спаси детето“, изјави очевидецот.

Пилотот донел одлука да го сврти авионот и принудно да слета во Самара. По слетувањето детето во свесна состојба го однесе брза помош.

„Стјуардесата дури кога се поздравуваше со патниците сфати што се случи и едвај ги здржуваше солзите“, коментира очевидецот.

Како што соопшти прес-службата на авиокомпанијата, прва помош на детето му укажале стјуардесите Аксана Ашомко, Оксана Артемјева, Анастасија Лунегова и Жана Наумова. Одлуката да извршат принудно слетување ја донеле капетанот на авионот Владимир Кобјаков и копилотот Александар Шумилин. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња