Бомбардерите Ту-22М3, кои можат да развијат брзина до 1,88 маха, се во состојба да понесат до 24 тони товар, вклучувајќи 20 авионски бомби ФАБ-250.
Како што соопшти рускиот воен ресор, шест надзвучни авиони Ту-22М3 кои полетаа од територијата на Русија на патот до Сирија непречено го прелетаа воздушниот простор на Иран и на Ирак.
На небото над Сирија руските бомбардери ги пречекаа ловци за поддршка Су-30МС кои полетаа од воздухопловната база Хмејмим. Авионите потоа ги бомбардираа објектите на терористите на подрачјето на градот Абу Кемал во покраината Деир ез-Зор. Според податоците на објективната контрола сите цели се успешно погодени, а авионите се вратија во Русија.
ВКС на Русија уништија минатиот месец повеќе од 30 терористички главешини.