Шест стратешки бомбардери Ту-22М3 кои полетаа од Русија, денеска извршија напад врз објекти на „Исламската држава“ во реоните југоисточно, северно и северозападно од градот Рака во Сирија, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.
„ На 11 август 2016 година, шест стратешки бомбардери Ту-22М3, кои полетаа од аеродроми на територијата на Руската Федерација, извршија кон центриран напад со распрскувачки бомби врз објекти на терористичката организација „Исламска држава“ во реоните југоисточно, северно и северозападно од градот Рака”, соопшти воениот ресор на Русија, пренесува „Взгљад”.
Во соопштението се наведува дека е уништен голем магацин со оружје, муниција и гориво во близина на Рака, фабрика за производство на хемиска муниција во северозападното предградие на градот, како и голем камп за обука на терористите на ИД. Терористите претрпеа значителни загуби и е ликвидиран голем број на терористи.
„Бомбардерите беа покривани од ловци Су-30СМ и Су-35С од аеродромот „Хмејмим“. По успешно извршената задача сите авиони се вратија во своите бази“, се наведува во соопштението.
Видеото можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче