Екатерина Спехова
На 25 октомври Екатерина Спехова од рускиот регион Прикамје – во близина на реката Кама на Урал – спаси дете кое случајно паднало во длабок рибник.
Како што соопштува весникот „Комсомолскаја Правда“, Спехова се враќала од работа кога видела како момчето паднало во водата и јурнала да го спаси. „Ја фрлив чантата на земја, се искачив преку оградата и скокнав во водата без да ја соблечам јакната“, изјави таа.
„За среќа, детето не беше далеку од брегот на рибникот, но сепак беше доволно длабоко, а неговиот ранец го влечеше кон дното. Две момчиња ни помогнаа кога дојдовме на суво и тогаш едни жени дојдоа да помогнат и ги повикаа родителите на детето. Мислам дека имаше седум-осум години. Кога детето беше на сигурно, отрчав дома“.
Спехова живее во градот Очјор и работи како готвачка во локалната градинка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче