Церемонијата на доделувањето на наградите беше одржана во Московскиот дом на младите на четвртиот Серуски фестивал „Соѕвездие на храброста“, посветен на безбедноста и спасувањето луѓе. Фотографија: Министерство за вонредни состојби на РФ.
Министерството за вонредни состојби (МВС) на РФ во неделата на фестивалот „Соѕвездие на храброста“ во Москва награди три деца кои во вонредна состојба покажале присебност и херојска храброст.
Наградите се доделени во Московскиот дом на млади на четвртиот Серуски фестивал „Соѕвездие на храброста“, посветен на безбедноста и спасувањето луѓе. МВС традиционално го организира овој фестивал на Денот на хероите на Татковината. Регионалната и окружна фаза на изборот се одржува во текот на годината, а најдобрите меѓу најдобрите се собираат на 9 декември во Москва. Победниците добија дипломи и статуетки „Градител на МВС“.
Наградата во номинацијата „Деца-херои“ му е доделена на седумгодишниот Хамзат Јакубов од селото Бачи-Јурт во Чеченија. Тој спасил новороденче од куќа зафатена од пожар. Пожарот избил во ноември годинава, а во куќата биле мајката и бабата на момчето, како и пет други деца. Хамзат, кој е најстар од сите деца, го извлекол бебето низ прозорец и потрчал да побара помош.
Седумнаесетгодишниот Иван Јунузов од населбата Островско во Костормската област успеал од пожар да ги спаси мајка си, двете сестри и двајцата браќа. Семејната куќа изгорела до темел, но немало жртви. Момчето рече дека по завршувањето на училиштето сака да работи како спасувач во Министерството за вонредни состојби.
МВС традиционално го организира овој фестивал на Денот на хероите на Татковината. Регионалната и окружна фаза на изборот се одржува во текот на годината, а најдобрите Меѓу најдобрите се собираат на 9 декември во Москва. Победниците добија дипломи и статуетки „Градител на МВС“.
На момчињата им е врачен медал „За храброст во пожар“.
Медалот „За истакнување во спречување вонредна состојба“ го доби осумгодишната Ана Бугаева од селото Рагули во Ставрополсскиот крај. Две момчиња паднале во длабока јама полна со вода, додека сакале да се прошетаат по мразот што се создал на површината, но Ана успеала да ги спаси.
Во номинацијата „Како што вели срцето“ наградата „За истакнување во спречување вонредна состојба“ ја добија студентот Павел Рогожин од Чељабинската област и работникот на претпријатието „Ново време“ Денис Чишков. Тие пожртвувано спасувале луѓе од минибус кој пропаднал во мраз и потонал. Пред една недела, на 3 декември, во моментот кога преминувал преку браната на Шершњовското акумулациско езеро, минибусот излетал од патот, пропаднал во мразот и почнал да тоне. Никој не се здобил со сериозни повреди.
Освен тоа, во специјалната номинација „За будење на јавното мислење“ наградата ја доби доброволниот одред на пронаоѓачи „Лиза-Алерт“.
МВС ги награди и новинарите кои известуваат за вонредни состојби и за работата на спасувачите и пожарникарите. На федерално ниво избрани се победници во различни номинации: „Најдобра телевизиска информативна програма“, „најдобар документарен филм“, „Најдобар напис во печатот“, „Најактивен новинар на информациските агенции“, „Најдобри фотографии“ итн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче