УАЗ - најпопуларниот пикап на рускиот пазар

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Пикапот од руско производство стана попопуларен од пикапот Toyota Hilux. Домашното возило во септември го купиле 411 руски возачи.

Според податоците на аналитичката агенција „Автостат“, Улјановската фабрика за автомобили во септември продала 411 пикап возила, што е за 40% повеќе од септември минатата година. На второ место падна јапонскиот пикап Toyota Hilux - минатиот месец се продадени 348 такви автомобили, што е 50% повеќе отколку во истиот период минатата година, пишува порталот speedme.ru.

На трето место по популарност меѓу руските купувачи е пикапот Mitsubishi L200, со продадени 187 возила, што е 44% повеќе од минатата година. Сите останати пикап возила во Русија се продаваат во значително помал број.

На годишно ниво на прво место досега во 2017 година е сѐ уште Toyota Hilux.

Треба да се има предвид дека пикап автомобилите во Русија инаку не се многу популарни. Од јануари до септември 2017 година во Русија се продадени 6400 вакви возила, што е за 4% помалку од минатата година. Во вкупниот број на продадени автомобили во Русија, пикап возилата учествуваат само со 0,6%.