УАЗ „Патриот“.
Московский филиал ООО "УАЗ"УАЗ почна да продава автомобили во Кина уште минатата година, но обемите на испорака беа мали. Сега руското претпријатие смета дека ќе го помине процесот на сертификација за четири модели – „Патриот“, „Пикап“, „Хантер“ и „Комби“ – и да ја зголеми продажбата до неколку илјади возила годишно.
Како што се прецизира во официјалното соопштение на УАЗ, во процесот на ревизија на компанијата е спроведена обемна проверка на производствените процеси со кои се обезбедува усогласеност на производите со барањата на CQC. Немаше забелешки, но Кинезите дадоа конкретни препораки за подобрување на системот за контрола на производните процеси и квалитетот на производството.
Сега УАЗ е подготвен да добие одобрувања за типот на транспортното средство, што ќе ги отвори вратите за извоз на возила во Кина без ограничувања на количините, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче