На „Армија-2017“ претставен „екстремниот“ пикап „Вепар“

Камиони.

Камиони.

Photoshot / Vostock-Photo
„Вепар НЕКСТ“ е создаден врз база на ГАЗ-33088, познат по својата способност за маневрирање и високата безбедност.

Вепрь NEXT. Извор: АвторамблерВепрь NEXT. Извор: Авторамблер

Товарното возило, кое го доби името „Вепар НЕКСТ“ (Вепрь NEXT), е наменето за работа во шумски и ловечки стопанства, нафтената и гасната индустрија, како и за патување во екстремни услови. Дебито на новото возило се одржа на воено-техничкиот саем „Армија-2017“.

„Вепар НЕКСТ“ е создаден врз база на ГАЗ-33088, познат по својата способност за маневрирање и високата безбедност. За возење на груб терен возилото е опремено со цврсто поврзана предна оска, самоблокирачки диференцијали на предниот и задниот погон, тркала со пневматско регулирање, како и со кука со синџир за влечење. Пикапот може да транспортира товар со маса до 2,5 т.

Возилото тешко 6,8 тони го придвижува дизел-мотор ЈАМЗ-534 (ЯМЗ-534) со 149 КС и момент на вртежи од 490 Нм.

Од производителот ГАЗ соопштуваат дека презентираното возило претставува пробен модел. Дали новитетот ќе се произведува сериски, засега не се соопштува, пренесува порталот „Рамблер“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња