Група бели мечки натерала моржови на самоубиство и нападнала чукотско село

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во потрага по храна група од 20 мечки го опколила малото село Риркајпиј на Чукотка. Селото има 601 жител.

Гладните мечки претходно натерале стотици моржови да се фрлат од карпа висока околу 40 метри. 

Мечките ги привлекла големата група моржови на брегот – повеќе од 5000. Неколку стотици моржови паднале од карпата и загинале.  Мечките веќе се денови пируваат на ’ртот Кожевников, а некои од нив сакале да ги нападнат луѓето во блиското село Риркајпиј.

Една мечка дури се обидела и да влезе во куќа низ прозорец.