Да се види мечка е исклучителен настан. Да се видат истовремено две мечки веќе може да се опише како чудо. А што да се каже ако наидете на група од 230 бели мечки заедно со нивните преслатки мечиња? Големата бела наезда се движеше кон мршата на еден гренладски кит што морето ја исфрли на брегот на националниот резерват на островот Врангел кај полуостровот Чукотка.
Бродот „Академик Шокалски” помина покрај оваа дива трпеза, а на палубата се наоѓаа патници-ентузијасти и научници.
„Информацијата за собирањето на мечките ја проследивме до меѓународниот истражувачки тим кој ја следи популацијата на белите мечки на Алјаска и Чукотка“, се наведува во соопштението на резерватот. „Какво откритие!“ Очигледно тоа е научниот назив за оваа неверојатно симпатична армија мечки. Можете да ја наречете како сакате. Нам ни е мило што можеме да ги видиме овие уникатни фотографии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче