Во Русија денес постојат три популации бели мечки, кои условно можат да се наречат: карска, лаптевска и чукотска. Извор: Alamy / Legion Media.
Белата мечка (лат. Ursus maritimus) е цицач месојад од семејството на мечките. Типичен жител е на Арктикот, а понекогаш поминува и во континенталната тундра. Најкрупен претставник е не само на семејството на мечките, туку и на сите грабливци. Некои мажјаци се долги и по 3 метри, а тешки се повеќе од 700 килограми. И покрај огромната тежина и очигледната тромавост, белите мечки дури и на копно се брзи и вешти, а во вода слободно нуркаат и можат лесно и долго да пливаат.
Белата мечка има многу силни шепи и големи канџи. Необичното густо и дебело крзно одлично ја штитат од студот и замрзнатата вода. Крзното ѝ го покрива целото тело, бојата на крзното е бела, без нијанси, и не се менува во зависност од годишното време. Кожата на белата мечка е темна, речиси црна, што овозможува топлината максимално да се задржи во телото. Под кожата во текот на две години имаат 3 - 4 сантиметри сало. Во задниот дел од телото, салото може да биде дебело и до 10 сантиметри. Тоа го штити од студот, и воедно служи како складиште на енергија, но и покрај тоа го прави нејзиното тело полесно и овозможува без проблем да се одржува на површината на водата.
Денес постојат три вида бели мечки. Се нарекуваат: карска, лаптевска и чукотска.
Површината која ја опфаќа карскиот вид се водите на Гренландското море со источниот брег на Гренланд, Баренцовото море, западниот дел на Карското море, Шпицбершките острови, островите Земјата на Франц Јосиф и Нова Земја. Лаптевскиот вид е населен на источниот дел од Карското море, Лаптевското море, западниот дел на Источносибирското море, архипелагот на Северната Земја и Новосибирските острови. Чукотскиот вид ја зафаќа површината на источниот дел на Источносибирското море, Чукотското море, северниот дел на Беринговото море, островот Врангел и островот Хералд.
За разлика од нивните роднини сештојади, белата мечка е грабливец кој постајано лови само крупни животни. Нејзините главни жртви се арктичките фоки. Во ловот на фоки, мечката ја покажува својата неверојатна генијалност и снаодливост: својата жртва ја демне или се прикрадува по мразот и ја лови во водата. Белата мечка како ловец е мошне трпелива: неколку часа може да му се прикрадува на пленот или да лежи покрај дупката во мразот чекајќи ја фоката да се појави и земе воздух.
Според податоците на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) денес во светот има 20 -25 илјади бели мечки. Меѓутоа, во 2050 година нивниот број може да се намали за две третини.
Со силен удар со предната шепа ја убива својата жртва, и со еден потег ја извлекува на мразот. Најчесто го јаде само подкожниот слој од салото, заедно со кожата при што ја симнува со голема леснотија. Но, ако е многу гладна, го јаде и месото на фоката и така одеднаш може да изеде и повеќе од 20 килограми месо. Понекогаш лови и младенчиња од крупните морски цицачи: моржови, белуги и нарвали. На копно се храни со птичји јајца и леминзи. Според тоа во континенталните подрачја и на островите, белите мечки во текот на летото ги јадат плодови од мочуришните малини, а за време на плимата и осеката се хранат со алги, како што се ламинариите и фукусите. По излегувањето од брлогот се хранат со младите фиданки од врба и листови од борагинацеа.
Белата мечка нема своја територија. Повозрасните единки најчесто се осамени. Мнозинството бели мечки не паѓаат во зимски сон, кој е карактеристичен за кафеавите мечки. Во зимски сон обично паѓаат женките кои треба да се окотат, како и старите мажјаци кои на тој начин, најладното доба од годината го поминуваат на сигурно.
Во кафез, белата мечка може да живее повеќе од 30 години, а во дивината животот и е пократок.
Белата мечка се наоѓа на меѓународната Црвена листа и на Црвената листа во Русија.
Денес ловот на белите мечки во Русија е забранет, а во САД, Канада и на Гренлад е ограничен.
На островот Врангел каде белите мечки се размножуваат во исклучително голем број направена е првата забрана, а во 1976 година и државен резерват „Островот Врангел“.
Земјите од Арктичкиот басен во 1973 година направиле договор за зачувување на белите мечки, кој по ратификацијата и стапувањето на сила во 1976 година стана меѓународна правна основа за заштита, проучување и употреба на оваа животинска раса. Овие држави договорот го презедоа како своја обврска за зачувување на белите мечки. Оттогаш строго е забранет ловот на овие животни. Од прописот исклучени се само домородните народи од арктичкиот регион, и дозволено им е да ловат мечки поради зачувување на нивниот традиционален начин на живот.
Според податоците на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) денес во светот има 20 -25 илјади бели мечки. Меѓутоа, во 2050 година нивниот број може да се намали за две третини. Причината за намалување на бројот од расата бели мечки се следните фактори:
1. Нелегален лов. И покрај законските забрани за ловење бели мечки, цената на нивното крзно и други „трофеи“ на црниот пазар е мошне висока.
2. Глобалното затоплување. Според податоците кои ги наведуваат научниците, површината на замрзнатата арктичка прекривка, која е природно живеалиште на белите мечки, во последниве години е намалена за 25%. Меѓутоа специјалистите од WWF сметаат дека тоа се премногу претпазливи и претерано оптимистички проценки и дека во реалност глечерите многу побрзо се топат.
3. Загадување на природните средини во арктичкото подрачје. Морската акваторија и крајбрежните екосистеми загадуваат со пестициди, радионуклиди, издувни гасови, тешки метали, запалливи масла, нафта итн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.