Сакате ли да станете руски државјанин? Најпрвин положете заклетва

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за прием на 62 нови државјани на Русија кои јавно ја положија новата заклетва на Руската Федерација.

Ако сакате да станете државјанин на Русија, сега е потребно да положите заклетва за верност. Новата процедура е одобрена во јули и првите 62 лица веќе ја положија заклетвата.   

Во управата за миграциски прашања во Москва на 13 септември првпат во поновата историја еден странец ја положи заклетвата при примање на руско државјанство. Тој странец беше од Балканот, од Србија.

Ова е текстот на заклетвата:

„Јас, име и презиме, доброволно и свесно примајќи го државјанството на Русија, се колнам дека ќе ги почитувам Уставот и законите на Руската Федерација, правата и слободите на нејзините граѓани, дека ќе ги исполнувам обврските на државјанин на Русија за доброто на државата и општеството, ќе ги бранам слободата и независноста на Русија, ќе ѝ бидам верен, ќе ги почитувам нејзината култура историја и традиција“.