Фотографија направена на 14 мај 2013 година од Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија. На фотографијата е маж кој е идентификуван како Рајан Фогл, трет секретар во политичкото одделение на американската амбасада во Москва.
AFPФогл работел како трет секретар на политичкото одделение на американската амбасада во Москва каде собирал информации за руската одбрана и безбедноста. Непосредно пред тоа е извршен терористички напад во Бостон и САД, судејќи според сѐ, сметале дека Русија не ги дава сите информации поврзани со спречувањето на терористичките напади. Поради тоа Американците се обиделе да врбуваат офицер на ФСБ кој се занимавал со борба против екстремизмот на Северен Кавказ.
Фогл по телефон договорил состанок со агентот на ФСБ. За средбата се подготвил на следниов начин: ставил перика, понел еден пар очила, компас, карта на Москва, стар телефон, врзоп банкноти и писмо во А4 формат наменето за рускиот агент.
Писмото почнувало со зборовите: „Дорогой друг“ (Драг другар). На сметка на тоа обраќање подоцна се правеле шеги (Русите така се обраќаат најчесто во иронична смисла). Во писмото му се предлагало на рускиот агент да ја предаде својата земја така што ќе ѝ праќа пораки на ЦИА преку електронска пошта.
Со таквото писмо „маскираниот“ Фогл „тајно“ ја напуштил амбасадата на задното седиште на еден автомобил, но набрзо е фатен.
Шпионските реквизити на Рајан Фогл
AFPПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче